петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Љубовта помеѓу тенисерката и пејачот трае веќе 2 децении, нивната приказна е како од филм!

Љубовта помеѓу тенисерката и пејачот трае веќе 2 децении, нивната приказна е како од филм!

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесиас заедно се речиси 20 години, а познатото дуо во тајност ги добија и своите три деца.

Ана, која на 7 јули го прослави својот 40 роденден, со Шпанецот се запознала во 2001 година кога се појави во спотот за неговата песна “Escape”. Тие се заљубиле додека снимале интимни сцени и разменувале нежности, па набрзо се родила и хемијата помеѓу нив.

“Убава е, талентирана, одлична тенисерка. Не треба да бидам добар глумец за ја бакнам, го направив тоа со самодоверба”, рекол тогаш пејачот. Токму како песната, љубовта која се родила не можела да избега.

Ана се пензионирала во 2002 година на своја 21 годишна возраст поради проблеми со грбот, а потоа продолжила да игра тенис само рекреативно. Истата година откако стави крај на кариерата, Курникова се појави во јавност со Енрике. Заедно се појавија на MTV музичките награди.

Низ годините се ширеле многу гласини за парот, особено поради настапите на пејачот кој има обичај да бакнува девојки од публиката и да ги повикува на сцената. Странските медиуми во 2007 година тврделе дека тие се венчале па се развеле, а исто така се огласувал и Енрике кој тврдел дека помеѓу нив веќе нема ништо и дека тој е слободен.

Набрзо парот ги демантираше тие гласини и рекле дека сепак тие се заедно.

“Никогаш нема да се венчаме. Сè е добро помеѓу нас”, рекол тогаш Иглесиас.

Курникова во 2011 изјавила дека сака да стане мајка: “Сакам да имам деца, без разлика дали ќе ги родам или посвојам. Сакам да се грижам за луѓето. Бракот не ми е важен. Јас сум во среќна врска, тоа е сè што ми е важно. Верувам во посветеноста на некој. Верувам во отвореноста, довербата и почитта кон драга личност”.

Ана и Енрике ги изненадиле фановите во јануари 2018 година кога на Инстаграм открија дека добиле близнаци, ќерката Луси и синот Николас. Поранешната тенисерка ги роди близнаците во декември 2017 година.

Парот подоцна успешно го сокри и раѓањето на третото дете, ќерката Мери која ја добиле на 30 јануари 2020 година. Веста за приновата ја споделија во февруари 2020 година кога објавиле фотографии од пораѓајот на Инстаграм. Парот многу често споделува фотографии со своите деца, па очигледно е дека нивниот 20 годишен однос сè уште совршено функционира.

Најнови вести