Земјоделството е на колена, а земјоделците се понижени. ЖАЛНО Е, но родот на земјоделците наместо на пазар завршува на буниште.
Инаку, земјоделците од повеќе реони и од речиси сите гранки вчера се собраа на предупредувачки протест во центарот на Прилеп. Прво маршираа низ булеварот „Гоце Делчев“, а потоа се обратија пред зградата на локалната самоуправа.
Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.
Земјоделците најавија радикализирање на протестите низ повеќе региони доколку наскоро не се решат проблемите.