Пејачката Ана Севиќ одговарала на прашања на обожавателите на својот Инстаграм профил.
Дел од фановите ја прашуваа за бракот, дел за кариерата, но и дел за поранешниот сопруг Дарко Лазиќ.
Сепак имаше и такви мајки кои ги интересираше за брендот на количка кој таа го рекламира и има иста таква со своето дете.
-Одлична е количката, лесно се вози по сите терени. Има се и сешто од додатна опрема, навистина топ. Мана им е само што се огромни и затоа не се практични за патување, напиша Ана.
Инаку количката од овој познат бренд чини близу 1000 евра.