среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Антовски: Планираме поевтина струја, гасификација на домаќинствата и враќање на парите од акцизата назад кај граѓаните, еколошката такса ќе ја блокираме

Антовски: Планираме поевтина струја, гасификација на домаќинствата и враќање на парите од акцизата назад кај граѓаните, еколошката такса ќе ја блокираме

ВМРО-ДПМНЕ почнува со презентација на концептот Македонија за сите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија како од Македонија да направи понапредна, поразвиена и постабилна земја. Во делот на енергетиката нашата цел е поевтина струја за сите граѓани, почист воздух и поздрава животна средина, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е заштитата на животната средина и поздрава околина. Планираме идните општински и градски власти да спроведат гасификација на домаќинствата со што ќе се овозможи секое домаќинство да добие можност да избере бесплатен приклучок на гас коешто идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство, нашиот план е во еден четиригодишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, а со тоа и загадувањето на воздухот ќе се намали. ВМРО-ДПМНЕ има јасна методологија како да го зголеми производството на струја кое сега е некаде на ниво од 60% од тоа што беше во 2017-та година со тоа што ќе извршиме модернизација и инвестирање во еколошки филтри и десулфуризација во двете најголеми производни постојки на јаглен – РЕК Битола и РЕК Осломеј, со што ќе го продолжиме на нивниот животен век до 2040 година, а со тоа ќе овозможиме поголемо производство на струја и ќе се превенираат отпуштања на сега вработените, кои ако се оди по планот на СДСМ ќе останат на улица без работа. Со ваквиот начин на работа ќе има поевтина струја за сите и егзистенцијата за илјадници семејства чии членови нема да останат без работа, вели Антовски.

Тој додава дека штетите кои СДСМ ги нанесе се големи на секое поле. Удрија по народот со акцизите, а не даваат ништо назад кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ планира зголемената акциза од три денари плус ДДВ за дизел горивото, и парите кои сега непродуктивно се трошат, дa ги вратиме назад кај граѓаните. 120 милиони евра за еден мандат ќе бидат вложени во образованието, реконструкции на училишта, реконструкции на игралишта, инвестиции во културата. Еколошката такса која сега ја заговараат или т.н. кризен данок од околу 4 денари на бензините и нафтените деривати ние ќе го блокираме.

-Ова е дел од нашиот план за енергетиката, кој што ќе значи поевтина струја, евтин гас за домаќинствата, и поздрава животна средина и чист воздух, а во исто време зачувување на работни места. Ова е нашиот концепт за енергетика во Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе, потенцира Антовски.

Најнови вести