четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На автопатот Куманово-Скопје-Велес санкционирани 60 возачи

На автопатот Куманово-Скопје-Велес санкционирани 60 возачи

Утрово (18.07.) од 08 до 12 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 60 возачи. 14 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.

Најнови вести