Принцот Џорџ денеска го прославува осмиот роденден, а неговите родители принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија роденденска фотографија на официјалниот Инстаграм профил.
Третиот наследник во редот за британскиот трон се смее додека седи покрај автомобил, а полето зад него е полно со жолти цвеќиња.
Фотографијата е слика од Кејт Мидлтон на почеток од месецов, а на Инстаграм има над 1 милион лајкови.