петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чилиманов: Со затворање на луѓе се прави притисок врз ВМРО да се стави крај на спорот за името

Чилиманов: Со затворање на луѓе се прави притисок врз ВМРО  да се стави крај на спорот за името

Гостин во емисијата Алфаскоп на Алфа Телевизија беше новинарот и аналитичар, Цветан Чилиманов. Тој потенцираше дека со затварање на луѓе кои гласно зборуваа против нарушувањето на унитарноста на Македонија се прави притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да го прифати понижувачкиот пристап на Грција и да даде поддршка во решавање на спорот за името.

– Не гледам дека има свест и концепт во амбасадите во Скопје. Сметаат дека можат на сила да ја истуркаат оваа работа. Поради тоа во затвор се некои од водечките македонски уметници и патриоти, луѓе кои што зборуваа против редефинирањето интерно на Македонија на односот на меѓуетничките заедници меѓу Македонците, Албанците и другите заедници кој што е формиран со политички договор на сите партии во 2001 година. Сега на сила се менува и консензусот околу спорот за името во којшто сите партии се согласни дека не смее да се менува идентитетот на македонците, гледаме дека луѓето кои што гласно зборуваа против нарушувањето на овие столбови на Република Македонија сега се во затвор и со тоа се прави обид да се направи притисок врз партијата ВМРО за да таа се потпише не знам да е притисната со желбата да се ослободат нејзините приврзаници, луѓе кои некои се сопартијци, некои се поддржувачи, блиски луѓе во секој случај, да се даде потпис на некаков изнуден договор како тој во Охрид со којшто претпоставувам дипломатите сметаат дека ќе се стави крај на овој спор. Јасно е дека нема никаков крај да се стави со тоа. Јасно е дека нетрпеливоста кај граѓаните расте. Гледаме дека поддршката дури за членство во ЕУ што вообичаено била висока е одвај над 50% , кај етничките македонци е под 50% според истражувања што ги врши Европската Унија, потенцираше Чилиманов.

Чилиманов истакна дека кога СДСМ е на власт се случуваат грабежи, страв да се инвестира и да се вложат сопствените пари , ослободување на криминалците додека се апсат вистинските патриоти, луѓе кои ја бранат унитарноста на Македонија.

-Во случајот со Македонија, од нас се очекува да прифатиме понижувачки пристап од страна на Грција која што секојдневно ќе го чувствува во секоја наша интеракција интерно и надвор. Се бара да прифатиме отстапување од Македонија како држава на македонскиот народ и навистина една ситуација во која други етнички заедници ќе бидат значително привилегирани во однос на македонската . До таму да има парична казна ако не знаеш да зборуваш албански, а да нема казна ако не зборуваш македонски. До такви апсурди не носат и сето тоа во контекст на една килава економија којашто секогаш се случува кога СДСМ е на власт. Еве општ грабеж , страв да се инвестира, страв да се вложат сопствените пари. Никој од надвор нема да дојде да инвестира и општо небезбедност на улиците кој што ги гледаме во изминатиот период со ослободување на криминалци и рекетари додека се апсат македонски патриоти, истакна Чилиманов.

Најнови вести