понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска Комисијата за европски прашања ќе гласа за предлог-измените на Законот за државјанство

Денеска Комисијата за европски прашања ќе гласа за предлог-измените на Законот за државјанство

Членовите на Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден од расправата за предлог-измените на Законот за државјанство, треба да гласаат по документот.

Пратениците од опозицијата и денеска, како и на претходната седница на Комисијата, се обидуваат преку процедурални забелешки да го одолговлечат гласањето за законот. Тие поднесоа 1000 амандмани за него.

Инаку, станува збор за Предлог-измени на законот со кој треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила.

Во моментот има пауза на седницата на Комисијата за европски прашања. (МИА)

Најнови вести