петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трајанов до СДСМ: За каков стабилен буџет говорите, кога поради вас Македонија има 750 милиони евра дефицит?

Трајанов до СДСМ: За каков стабилен буџет говорите, кога поради вас Македонија има 750 милиони евра дефицит?

„Човек кога ве слуша вас од власта изгледа дека е се розово и дека живееме во идеално општество и едноставно тоа звучи како детска бајка. Толку фино, толку убаво, секаде има средства, секаде има убавина и сите живеат убаво во државата, прекрасно е, не чека многу убава иднина. Но, само има еден проблем опозицијата и народот, граѓаните на Република Македонија тоа не можат да го видат што го говори власта. Тоа е проблемот кој ја мачи нашата држава“, истакна Здравко Трајанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.

Трајанов додаде дека стабилен буџет не е тоа што го нуди власта. 750 милиони евра дефицит не е стабилен буџет.

„7.3 милијарди евра е долгот на Република Македонија, 62.5% од Буџетот ви е долгот на државата. По сите критериуми од Мастрих и од било каде ние сме презадолжена држава. И вие зборувате дека се е убаво во државата. Зголемени инвестиции велите, каде се тие инвестиции? Никој во државата не може да ги види“, нагласи Трајанов.

Трајанов посочи дека откако СДСМ е на власт Македонија има најмал процент на инвестиции.

Најнови вести