сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БАНАНА ДРЖАВА: Филипче и скапо платениот кабинет не знаат колку чини амбулантно возило, а народот очекува тие да купат

БАНАНА ДРЖАВА: Филипче и скапо платениот кабинет не знаат колку чини амбулантно возило, а народот очекува тие да купат

Амбулантни возила стари повеќе од 10 години, противпожарни постари од 40 години, „Ер трактори“ заборавени да се сервисираат…. ова за жал е актуелната состојба во државава.

“Но не е се така црно“. Имено владата предводена од Зоран Заев, не заборава редовно да се поднови со некој нов „Пасат“, „Мерцедес“, Заев и Филипче не пропуштаат хеликоптерско развозување, а истите тие хеликоптери кога ќе треба да гасат пожар се нефункционални или кога треба да се спаси човечки живот.

Граѓаните со години се жалат за лошите услови со амбулантните возила, во некои општини возилата се стари и неколку децении. Превезувањето на болни луѓе со тие возила се ризични, а министерот Филипче освен скапо платениот ПР нема ништо друго не го интересира.

Имено редакцијата на КУРИР, побара информација од кабинетото на министерот Венко Филипче за тоа колку чини едно ново амбулатно возило со целоснa опремa.

Од неговиот кабинет информираат дека тие немале такви информации.

-Министерството за здравство не располага со податоци за цени на возила за итна медицинска помош. Цените ги утврдуваат производителите на возилата, одговорот побарајте го кај нив, ни одговорија од скапоплатениот ПР на министерот.

Кабинетот на министерот и скапите ПР-џии не знаат ни колку чини едно возило, а народот очекува тие да купат.

Оттука се поставува прашањето, што работи министерот со своите скапо платени ПР-агенти? Дали наместо да се овозможи нови амбулантни возила за граѓаните, пари се трошат на само-промоција на министерот?

Најнови вести