Меган Маркл денеска го прославува јубилејниот 40-ти роденден.
Како што пренесуваат странските медиуми, војвотката од Сасекс планира интимна прослава во нејзиниот дом со шеесетина гости.
Она што го одбележи денот е потегот на кралицата Елизабета кој сигурно ја воодушеви поранешната актерка и сопруга на принцот Хари.
На официјалната страна на кралицата на „Твитер“ објавени се дури три фотографии со Меган под кои стои напишано: „Среќен роденден на војвотката од Сасекс!“.
Кратко, ама слатко и помалку неочекувано, коментираат фановите.
Веќе е познато дека Меган и Хари не се во најдобри односи со членовите на кралското семејство, па речиси никој не очекуваше ваква честитка. Сепак, кралицата одлучи да се однесува како се’ да е во најдобар ред.