Британски лекар ја откри „идеална формула“ за брзо заспивање и мирен сон ноќе: 10-3-2-1. Се работи за траен став кон спиењето, а не само за краткорочни ефекти, истакна Раџ Каран во видео објавено на Тик-ток.
Стручњакот советува да не се пие кафе 10 часа пред спиење. Според него, ова е времето потребно за телото целосно да го неутрализира кофеинот. Ако пиеме кафе пред спиење, влијанијата на напитокот ќе продолжат и тоа ќе го попречи заспивањето.
Добро е, исто така, да вечераме најмалку три часа пред спиење. Ова ќе помогне да се смират киселините во стомакот.
Два часа пред спиење треба да завршиме со работа и да се опуштиме и, на крај – еден час пред одење в кревет да ги исклучиме компјутерот, мобилниот телефон и секоја друга електроника. Според стручното објаснување, светлото од екраните го потиснува ослободувањето на хормонот за спиење, мелатонин. (МИА)