четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Отвори кариерен центар, па го претвори во амбуланта: Лисичани збунети поради неспособноста на Златко Марин! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Отвори кариерен центар, па го претвори во амбуланта: Лисичани збунети поради неспособноста на Златко Марин! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога конечно, по долги години, жителите на населба Лисиче доживеаја да слушнат дека конечно нешто ќе се гради кај нив, по којзнае кој пат се соочија со хаос и доказ за негрижата.

Имено, беше најавено дека старата амбуланта која е во руинирана состојба конечно ќе биде заменета со нова, монтажна. Се најави рушење на амбулантата, но на ниту еден начин јавно не беше истакинато дека амбулантата заклучува врата, а пациентите не беа информирани дека на оваа локација повеќе нема да добиваат здравствени услуги се додека не биде ставен монтажниот објект.

Почнаа да лутаат низ населбата да бараат каде се наоѓаат нивните доктори, нивните здравствени картони и каде можат да добијат здравствена услуга.

А, каква идеја имала локалната самоуправа, на никој не ми се веруваше. Верувале или не – амбулантата е префрлена во Центар за кариерен развој отворен пред еден месец.

Лентата на 7-ми јули ја пресече лично градоначалникот Златко Марин и информира:

„Во населбата Лисиче го отворивме Центарот за кариерен развој. Центарот е отворен на иницијатива на Општина Аеродром, која неодамна формираше мрежа на невладини организации што работат на цели од локално, социјално и економско значење и претставува прв таков пример во државата. Продолжуваме со подеднаква грижа за сите“.

Во овие простории, кои сигурно немаат услови да бидат амбуланта, сега се префрлени голем број на лисичани и нивните доктори. Освен што не беа информирани дека амбулантата се затвора и се префрла во простории за кариерен развој, лисичани не беа информирани ниту еден еден од докторите нема да прима воопшто пациенти и си заминува во пензија.

КУРИР направи фотогалерија од старата амбуланта која е во очајна состојба. Сега не е во функција под најава дека ЌЕ се гради, но на терен нема ниту еден работник, ниту било што како најава за градба.

Погледнете во каква амбуланта се лечеа лисичани до пред неколку дена:

Сега, кога лисичани конечно го видоа Марин во својата населба, каде цел мандат не се појави, градоначалникот покажа дека само направи дополнителен хаос. Си отвори центар за кариерен развој, најави нова амбуланта која не ни започна да ја прави, а затворената си ја префрли во локацијата која претходно ја намени за невладините организации.

Така, сега на друга локација во Лисиче, еве во какви услови има божем “амбуланта“ додека ќе треба сигурно голем период да се сруши старата, да се стави нова монтажна и истата да се опреми.

Надворешноста иста, на Центарот на Марин, ама внатре – здравствена установа!

Во цел свој мандат кој наскоро завршува, Златко Марин не направи НИШТО за жителите на населба Лисиче. Си отвори Центар за кариерен развој кој му функционираше три недели, за внатре да смести амбуланта. Единствено нешто што направи се низа лажни ветувања кои ги даде пред избори за училиштето, хигиената, улиците во населбата.

Еве сега, направи таков хаос што лисичани на шега велат: „Среќа што не доаѓаше почесто, може училиштето ќе ни го префрлеше во фризерскиот салон“!