Поранешниот градоначалник на градот Скопје Коце Трајановски преку статус на Фејсбук пишува дека градоначалникот на Скопје формира градски штаб за заштита и спасување и притоа тој е командант и назначува началник и неколку помошници.
-Според закон градоначалникот на Град Скопје формира Градски штаб за заштита и спасување притоа тој е командант и назначува началник и неколку помошници ( помошник за пожари, помошник за поплави, …).
Во вакви критични моменти командантот го свикува Градскиот штаб ,прават оперативни планови за
заштита и спасување и градоначалникот како командант по правило секогаш е во првите редови.
Во период кога Македонија е во пламен и во текот само на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје избувнаа дваесет и два пожари меѓу кои еден со многу висок ризик во кругот на фабриката “Охис”.
Командатот на бригадата за заштита и спасување на Град Скопје во слободно време градоначалник на Скопје во случајов Шилегов Петре никаде го нема на терен да командува и да застане рамо до рамо со пожарникарите кои се по неколку денови непрекинато на своите работни места.
Ист е случајот и со командатот на противпожарната бригада на Град Скопје, но денес под притисок на јавноста истиот го прекинал одморот и се појави во јавноста.
Додека некаде властите се одмараат,скопјани вчерашниот ден го поминаа во страв и паника.
Петре ова ли е тоа поинакво Скопје?! Вака ли чекор по чекор го замислувате напредокот на Скопје?!
Не може додека Македонија гори цела влада и градоначалникот на главниот град да се плажираат и да се кријат под дебела сенка.
Ниту е етички, ниту е морално,ниту е нормално такво однесување за време на ваква кризна ситуација, стои во неговиот пост на Фејсбук.