среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска својот роденден денес го помина во Берово и Пехчево

Пешевска својот роденден денес го помина во Берово и Пехчево

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска својот роденен денеска го помина меѓу граѓаните погодени од пожарите во Берово и Пехчево.

-Пред малку дојдов дома, и ме дочека изненадување од моите најмили, дечињата и сопругот по повод денешниот ден, мојот 43 роденден. Пред 5 години роденденот го минав помеѓу граѓаните на Гази Баба, помагајќи во поплавата која тогаш ја зафати Гази Баба, денес роденденот го поминав со жителите од Берово и Пехчево кои деноноќно се борат со пожарите. Роденденот денес, го посветив на нашата Македонија!, објави на својата Фејсбук страница Пешевска.

Најнови вести