петок, 26. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Актерот Владимир Тулиев алијас Дончо од „Преспав“ добил отказ од Штипскиот театар

Актерот Владимир Тулиев алијас Дончо од „Преспав“ добил отказ од Штипскиот театар

Актерот Владимир Тулиев доби отказ од неговиот матичен театар во Штип. Информацијата ја потврди Тулиев преку Фејсбук, истакнувајќи дека по 42 години од првата професионална театарска претстава утринава му стигнало и отказното решение.

Засега нема подетални информации зошто Тулиев е избркан од работа.

-Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 години од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и отказно решение! Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација! Не дозволувам ниту јас! Ви Благодарам за поддршката!, напиша Тулиев.

Освен во театарот, тој има остварено и солиден број на филмски улоги, во „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „Господ постои името ѝ е Петрунија“, „Година на мајмунот“…, а во последниве години на јавноста ѝ е познат преку улогата на Дончо во „Преспав“.

Најнови вести