четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Tодор Конески и Дамјан Коњановски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ назначени на високи функции во една од најголемите студентски организации во Европа

Tодор Конески и  Дамјан Коњановски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ назначени на високи функции во една од најголемите студентски организации во Европа

Tодор Конески и Дамјан Коњановски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ назначени на високи функции во една од најголемите студентски организации во Европа, објавија од Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ .

Сакаме да Ве информираме дека двајца членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ се назначени на функции во една од најголемите студентски организации во Европа, European Democrat Students. Имено, членот на Извршниот Комитет на УМС Тодор Конески е назначен за копретседател на комисијата за конференцијата за иднината на Европа, додека координаторот на студентската комисија при Градскиот комитет Скопје Дамјан Коњановски е назначен како уредник во списанието на ЕДС, BullsEye.

Овие две функции се плод на макотрпна работа во склопот на ЕДС и повторно ги реафирмираат европските заложби на УМС и на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, сакаме да им честитаме на Тодор и Дамјан и да им посакаме успешна и плодна работа на нивните нови функции. Убедени сме дека ВМРО-ДПМНЕ и Македонија ќе бидат претставени на достоинствен начин пред сите останати студенти од Европа и пошироко!

Исто така, упатуваме честитки до новиот Претседател на #EDS Бепе Галеа од Малта и новиот Генерален Секретар од Велика Британија Иван Ботучаров. Како Унија на Млади Сили од самото објавување на кандидатурата целосно ја дадовме нашата поддршка на Бепе и Иван и веруваме дека во текот на маднатот сите зацртани стратешки цели ќе бидат исполнети, информираат од УМС

Најнови вести