Ви претставуваме два ефикасни совети, повеќе би рекле трикови, за тоа како да го пребродите проблемот со несоница.
Ако сте се разбудиле со идеја која претстојниот ден треба да ја претворите во реалност, запишете ја на лист хартија. Тоа ќе ви помогне полесно и побргу да продолжите да спиете.
Второ – ако лежите повеќе од 15 минути и не можете повторно да заспиете, станете од креветот и почнете да правите нешто што го сметате за смирувачко, нешто што ве опушта. Тоа не смее да ги вклучува телевизорот и мобилниот телефон. Зафатете се со нешто попријатно – и за психата и за моториката. На пример составете една мала сложувалка или прочитајте дел од книга.