среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

В.д. директорот на средното уметничко училиште во Скопје си поднесе оставка

В.д. директорот на средното уметничко училиште во Скопје си поднесе оставка

Филип Фидановски, в.д. директорот на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје поднесе неотповиклива оставка.

Повеќе од една година траеја протестите на дел од вработените кои обвинуваа дека тој е незаконски поставен за в.д. директор и оти не ги исполнува условите.

-Давам оставка, пред сè, поради големиот притисок на дел од вработените на кои воопшто не им е гајле ниту за ученциите, ниту за образовниот процес во нашето училиште, пишува Фидановски во неотповикливата оставка упатена до министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Најнови вести