среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се сечела на рацете и нозете: Поранешната сопруга на Еминем се обидела да се самоубие

Се сечела на рацете и нозете: Поранешната сопруга на Еминем се обидела да се самоубие

Поранешната сопруга на Еминем, Ким Скот, била хоспитализирана откако и биле пронајдени исеченици на рацете и нозете, пишува TMZ.

Исто така, Ким се судрила со полицијата откако тие, заедно со болничарите, одговориле на повикот дека некој се обидува да си го одземе животот во нејзиниот дом во Мичиген.

Се` се случило на 30 јули, а медицинските лица и полицијата ја нашле во локва крв. Таа итно била пренесена во болница каде била подложена на медицинска и психолошка проценка. Моментално се опоравува дома, иако не е познато дали има дополнителна помош.

Еминем, чие вистинско име е Маршал Матерс, двапати бил во брак со Ким. Прво се разведоа во 2001 година и се премажија во 2006 година, но нивниот брак траеше само неколку месеци.

Тие заедно имаат една ќерка, Хејли Џејд. Ким, исто така, се обидела да си го одземе животот во 2015 година, а подоцна рекла дека Еминем и пружил голема поддршка по тој инцидент.

“Тој навистина ме поддржа. Ние сме навистина блиски пријатели. Се обидуваме заедно да го одгледаме детето и да го направиме што е можно понормално”.

Најнови вести