среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски на годишнината од осветувањето на Соборниот храм посака негово постоење уште многу векови

Николоски на годишнината од осветувањето на Соборниот храм посака негово постоење уште многу векови

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку статус на Фејсбук му посакува на Соборниот храм во Скопје уште многу векови постоење.

-На денешен ден во 1990 беше осветен соборниот храм на Македонската православна црква Св. Климент Охридски. Најголемиот и највелепен храм осветен во очи на прогласувањето на независноста на Македонија е симбол на самобитноста на македонскиот народ, оспорувана во минатото и денес, но вечна како што е и Македонија.

Уште многу векови за храмот наш со оваа прекрасна песна на Гоце Николовски посветена на осветувањето на храмот:
Храмот е вознес за вечни времиња,
гордост на Македонија,
признале некои или не,
со тебе, мајко, постоиме.
Запејте сите ангели,
загрмете стари камбани,
збирајте се, Македонци,
бидете благословени, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести