Ова е вистината!
Веќе некое време во медиумите се шпекулира дека колешките Цеца Ражнатовиќ и Гоца Божиновска не се во добри односи, иако нивните синови се многу добри пријатели.
Двете пејачки сега се речиси семејство бидејќи нивните синови, Вељко Ражнатовиќ и Мирко Шијан, создадоа семејства со сестрите Богдана и Бојана Родиќ.
Овие шпекулации дополнително се подгрејаа со фактот дека Ражнатовиќ не се појави во Сурчин на прославата на раѓањето на првиот внук на Гоца Божиновска.
Цеца сега проговори за својот однос со колешката и стави крај на овие шпекулации.
– Воопшто не се занимавам со таа тема. Се пишува дека не сум во добри односи со Гоца Божиновски, но сето тоа е глупост. Немам намера да се правдам секој ден, многу добро знам која сум и не обрнувам внимание на озборувањата. Тоа не ми го нарушува мирот – рече пејачката во емисијата „Ексклузив“.