Актерката објави фотографија со нејзините наследнички Мила и Вера
Актерската двојка Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ се обидуваат да ги објават само нивните деловни потфати и успеси во медиумите, а во исто време даваат се од себе за да ги држат семејството и интимноста подалеку од вниманието на јавноста.
Сепак, Мичаловиќ се одлучи за необичен потег, и за прв пат објави фотографија со ќерките Мила и Вера на социјалната мрежа Инстаграм.
Близначките растат далеку од очите на јавноста, а славните родители се обидуваат да им ја овозможат на своите девојки посакуваната приватност и безгрижно детство. Од таа причина, јавноста немаше можност да ги запознае овие преслатки девојки кои имаат 11 години.
Нема сомнение дека и двете ја наследиле убавината на нивната мајка. Ќерките на Слобода и Војин се одлични ученички, а посетуваат и музичко училиште, што дополнително влијае на нивната одговорност, а славните родители се бескрајно горди на своите миленички.