петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче одмoраше на плажите во Грција, во Македонија се случи експлозија од заразени со Ковид, само вчера имаме нови 792 случаи и 10 починати

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче одмoраше на плажите во Грција, во Македонија се случи експлозија од заразени со Ковид, само вчера имаме нови 792 случаи и 10 починати

Додека Венко Филипче со недели одмараше на плажите во Грција, во Македонија се случува експолозија на четвртиот бран од Ковид пандемијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Само за 24 часа во Македонија има нови 792 нови потврдени случаи и 10 наши сограѓани го изгубија својот живот како последица од Ковид 19. Најнеспособниот министер за здравство Филипче пред само неколку недели, пред да замине на одмор, спектакуларно најавуваше дека само што не сме ја победиле пандемијата. Кажа и замина на одмор. Целосно ги олабави мерките, без никакви контроли на граничните премини, Македонија за 10 дена повторно стана жариште од корона пандемијата. На врвот сме на сите листи по процент од заразени и починати. Целосно дезорентиран, од грчките плажи донесе нови фашистички мерки кои не кореспондираат со моменталната ситуација. Овие нови мерки ги делат граѓаните и немаат никаква логика. Но на Филипче не му е гајле за здравјето и животот на граѓаните, па за тоа побрза како потписник до Собранието да го поднесе законот за марихуана со европско знаменце. Ете толку од грижата на Филипче. Најбитно му беше да му се покори на криминалецот Заев, истакнуваат од партијата.

Неодговорноста и целосната забеганост на двоецот Заев- Филипче ја водат државата кон сигурен пропаст, додаваат од таму.

Најнови вести