“Несватените левичари”, во соработка со структури на СДСМ, со нарачани навреди го контаминираа протестот со ЕДНА единствена цел: Да му обезбедат АЛИБИ на Венко и Заев, алиби на “моторџиите” кои се возеа кога цел свет набавуваше вакцини, па сега имаме најмал процент на вакцинирани!, пишува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на Фејсбук.
-За да биде појасно еве предлог: Нека излезе Венко со податок за просечно време на чекање од пријава до повик за вакцина на пријавените на вакцинација.мк!
Сега кога бројките пак растат и граѓаните кои немаа прилика да се вакцинираат и угостителите се третираат нечовечки, машинеријата на власта, потпомогната од поединци испратени од опозицискиот им брат Апасиев, намерно разгоруват теми против здравството со “потпалување на контрапожари” за власта да се спаси од “пожарот на неспособност” кој го разгоре министерот “моторџија” кој цела држава ја остави на цедило!
Несомнено точната српска поговорка два лоша убише Милоша, со Левица и СДСМ си доби и своја македонска верзија – два лоша, протестанти за два-три гроша!