петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Семејствата загрижени: Педесетина Македонци заглавени во Кабул, никој не ги евакурира

Семејствата загрижени: Педесетина Македонци заглавени во Кабул, никој не ги евакурира

Неколку десетици Македонци кои што биле на печалба останаа заглавени на аеродромот во Кабул, Талибанците наводно испратија соопштение дека утре тргнуваат во офанзива за преземање на аеродромот, од македонското МНР информираа дека нашите граѓани се на безбедно и ќе бидат евакуирани.

-Околу 50тина Македонци заглавени се на аеродромот во Кабул во Авганистан. Како што велат блиски роднини на заглавените на аеродромо, истите никој не ги евакуира, а во меѓувреме Талибанците го опколија целиот аеродром наводно испратија соопштение дека се што нема да биде до утре вечер се што е евакуирани е евакурирано и наводно истите ќе тргнат во офанзива кон преземање на аеродромот, велат загрижени роднини на заглавените Македонци во Авганистан.

Од аеродромот во Кабул 25 наши државјани треба да заминат со американски воен авион, а се очекува евакуација на уште 50 наши граѓани од Авганистан каде што во изминативе 72 часа безбедносната состојба нагло се влоши, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродрмот во Кабул, половина или 25 се наоѓаат веќе на воениот терминал и се регистрирани за следниот лет со воен авион на американската армија и ќе бидат упатени за Доха, Катар, од каде нивниот пат за враќање дома е неспорен. Останатите околу 25 наши граѓани се упатени на следниот лет и во моментов работиме за нивна регистрација и потоа евакуација директно од аеродромот во Кабул. Располагаме со информација за уште 25 граѓани кои се наоѓаат во американската база во Кабул, која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот. Тие се безбедни и во моментов се на листа на чекање за да бидат трансферирани кон аеродромот и потоа евакуирани. Во моментов не располагаме со информација за други наши граѓани во Авганистан и досега немаме ниту еден пријавен државјанин кој се наоѓа во загрозена состојба. Секако продолжуваме и натаму внимателно да ја следиме состојбата во Авганистан, рече Османи.

Република Северна Македонија уште во јули месец го попвлече сиот воен, дипломатски и цивилен персонал и во моментов нема свои претствници во Авганистан.

Уште во саботата во МНР е формирана работна група која работи на евакуација на наши државјани кои се работно ангажирани во Авганистан, и се користат повеќе опции за за асистенција на нашите граѓани затекнати во земјата. Воспоставен е контакт со комопаниите од кои се работно ангажирани, испратени се формални барања до сите земји кои имаат присуство во Авганистан за нивна асистенција при евентуални летови за евакуација, за што од голем број земји е потврдно одговорено дека ќе будат земени предвид нашите барања. Османи рече дека воспоставил директни контакти со колегите од Турција, Катар, како и со САД.

Изминативе 72 часа безбедносната состојба во Авганистан нагло се влоши, и освен воените бази под контрола на САД и НАТО сојузниците меѓу кои и аеродромот во Кабул.

Најнови вести