Српската водителка Милица Кон поминува низ вистински пекол.
Неодамна се оперираше од рак на дојката, а сега за српските медиуми откри како се чувствува сега по операцијата.
View this post on Instagram
-Скоро секоја вечер плачев, а се смирив тек кога дојдов во болница. Посебно ми беше тешко бидејќи мојата мајка умре од рак на дојка. Ми се пробудија одамнешните стравови што е и логично, среќа со месеци одам на психотерапевт , а тие денови оден интензивно, вели таа.
Додава со каква мисла се разбудила по операцијата.
View this post on Instagram
-Мојата сестра која имаше друг вид на операција ми рече: „Со какви мисли влегуваш на операцијата, со такви ќе се разбудиш“. Кога се најдов на операционата маса на сите им реков дека се добри и дека се ова е убаво, а потоа замислував како моите деца играат и пеат, раскажува Кон.
Таа вели и дека најтешките 11 дена биле оние во кои ги чекала резултатите.
View this post on Instagram
-Кога тргнав по резултатите си реков „знам дека се е во ред“, звучи чудно, но јас друго сценарио не размислував.