недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Апел за помош на Благица која пред 9 година донирала бубрег на синот, а сега и е потребна операција во Турција

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Апел за помош на Благица која пред 9 година донирала бубрег на синот, а сега и е потребна операција во Турција

Илија Стамков очајно бара финансиска помош за спас на неговата мајка, која пред девет години му го спасила животото нему со тоа што му го донирала својот бубрег.

Како што вели Стамков во апелот за помош, мајка му боледува од малигнен тумор и за нејзино лечење е потребно да се изврши хируршки зафат во Турција, што чини 26.000 евра.

Во продолжение го пренесуваме неговиот апел во целост:

-Мојата мајка Благица Стамкова која ми го спаси мојот живот со донирање на нејзиниот бубрег пред 9 години. Има потреба од операција која не се прави во нашата земја, тумор ( малигнен ) на панкреас операцијата која чини 26 000 евра би се извршила во Република Турција. Да и помогнеме сите заедно и да и го продолжиме нејзиниот живот со вртење на бројот
👉 Телеком со телефонски повик (звонење) на бројот 143-129 ;
👉 A1 (VIP) со телефонски повик (звонење)
на бројот 143-600 ;
Се издвојуваат 100 денари од повик
Донациска сметка NLB Banka
210 7 00000 666 235

Најнови вести