Честитка од Синдикат на Полиција во Македонија по повод Денот на Армијата 18-ти Август🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, почитувани граѓани, дозволете ни од име на Синдикат на Полиција во Македонија да Ви го ЧЕСТИТАМЕ денот на Армијата на Република Македонија.
Воениот и цивилниот персонал, при стапување на служба во Армијата, усно дава заклетва и писмено ја потпишува, а таа гласи:
„Се колнам дека ќе ги бранам слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските и должностите како бранител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слобода и чест”.
НЕКА Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ
Фејсбук статус на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ