Познатата актерка Скарлет Јохансон и сопругот Колин Џост чекаат принова, официјално е потврдено на неговиот стенд-ап настап.
Неколку месеци наназад се шпекулираше дека актерката е бремена, но таа тоа не го коментирала.
Имено, на неговиот настао во Кентаки пред публиката открил дека тој и неговата сопруга ќе станат родители.
-Ќе имаме бебе и тоа е неверојатно, возбудено рекол.
Парот е во брак од 2020 година по тригодишна врска, а Скарлет од првиот брак со францускиот новинар Роман Дуриак ја има шест годишната ќерка Дороти.
Колин и Скарлет се венчале во Њујорк во нивната куќа минатиот октомври, во мала и интимна церемонија.