среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Македонија стана најпогодно тло за нарко бизнисот

Арсовски: Македонија стана најпогодно тло за нарко бизнисот

Република Македонија стана мека и медина за сите што се занимаваат со одгледување или продажба на дрога, односно канабис. Веста која излезе низ медиумите дека во Република Македонија се увезени 8.5 тони марихуана, и тоа внимавајте од Лесото, една од најнеразвиените земји од Африка, во вредност од десетици милиони евра е показател за неколку работи. За тоа во што се претвори Република Македонија изминатите четири години под водство на Зоран Заев и СДСМ, истакна на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека е очигледно дека Република Македонија под водство на Зоран Заев стана најпримамлива како држава за бизнисот со дрогата и канабисот.

– Второ, очигледно е дека од 50тина лиценци кои се дадени за одгледување марихуана во Република Македонија, не функционираат сите фирми и полесно е да се увезува од странски земји како на пример Лесото од Африка, земји кои се на најниско можно ниво во Африка и не се развиени, отколку самите фирми тука да произведуваат канабис. Зошто е тоа така, затоа што говоревме и претходно, сите оние лиценци хиперпродукција кои беа издавани од Владата и потпишувани лично од Зоран Заев, беа давани само поради тоа што беа платени кај пајташите на Зоран Заев за подоцна кога планот на Зоран Заев би се донел законот за трговија со канабис кој што е сега предложен, да можат да ги препродадат истите лиценци, но за нивна жал, а за среќа на граѓаните нема да дозволиме тој закон да се изгласа и да се донесе во Собранието. Почитувани граѓани, влезени се 8.5 тони марихуана во Република Македонија, а сите се сеќаваме од пред само неколку месеци на шверцот на марихуана од пред неколку месеци, каде што најблиските луѓе на Заев како Кире Чипсио кој што беше командир на полициската станица во Прилеп и како возачот на Трајче Заев, беа уапсени од страна на американската ДЕА за шверц на канабис, рече Арсовски.

Портпаролот посочи дека Зоран Заев претходно најавуваше инвестиции од типот на Гугл, Фејсбук и големи светски компании кои што едвај ги изговараше, а на крајот на Република Македонија стана тло и Зоран Заев и донесе бизнис каде што се увезуваат 8,5 тони дрога, која по се се гледа дека не е ниту за лично уживање на некого ниту за нешто слично, туку единствено за бизнис и никој не знае каде ќе заврши толкава количина на дрога.

– Актуелно е периодов законот кој што е поднесен во Собранието од страна на Владата кој што треба да го брани Венко Филипче како најблизок на фамилијата Заеви во заштита на нивниот криминал за продажба и трговија со марихуана и тоа е со една и единствена цел, да ова што го прави Лесото од Африка да го прави на легален начин и семејството Заеви, бидејќи се најбројните сопственици на лиценци за одгледување канабис. На крајот уште еднаш да потенцираме, Зоран Заев ја направи Република Македонија тврдина за бизнисот со дрога кој е директно раководен од фамилијата Заеви кои што од фамилија прераснаа во нарко картел, додаде Арсовски.

Најнови вести