недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се омажила на 16, а откако го родила синот и загинал сопругот – српската пејачка на 19 години била избркана на улица (ФОТО)

Се омажила на 16, а откако го родила синот и загинал сопругот – српската пејачка на 19 години била избркана на улица (ФОТО)

Фолк пејачката Стоја Новаковиќ прв пат се венчала само на 16 години, а веќе на 17 години го родила синот Милан.

По тажната судбина и загинувањето на нејзиниот сопруг само неколку години по бракот, таа преживеала вистински пекол.

Имено родителите на нејзиниот сопруг ја избркале пејачката од нивната куќа со тригодишниот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S T O J A (@stoja_institucija)

-Истиот ден кога мојот маж е погребан неговото семејство мене и детето со неполни три години не исфрлија на улица. Не стигнав ниту моите работи да ги соберам. Бев исфрлена без ништо, го гледав детето и не знаев каде да одам. Моите кога се омажив толку рано ми рекоа повеќе да не се враќам. Цел тој ден идев по село викав и плачев на глас. Мислев дека тој период нема да го преживеам. Во наредните неколку месеци јас и синот бевме кај мојата пријателка и со неа ја делев последната шолја кафе и последната кришка леб. Секако морав да продолжам да пеам по кафеаните за да може моето дете да има што да јаде, раскажа во една своја прилика Стоја.

Денес е мажена за архитектот Игор Јовановиќ кој е нејзина најголема поддршка.

Стоја и Игор се во брак веќе деценија, а нивниот брак се темели на доверба и многу љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S T O J A (@stoja_institucija)

Таа во една прилика откри и дека нејзината љубовна врска била многу турбулентна и правела разни лудости во врска со него.

-Се удрив со кола право во ѕид, знаев дека тој на тоа нема да биде рамнодушен. Секако дека се смиривме после тоа, не се повредив, но сепак го темпирав како тоа да го направам. Знаев дека сигурно ќе дојде да ми помогне, а потоа го чекаше замка, остана кај мене, вели Стоја за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S T O J A (@stoja_institucija)

Најнови вести