среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Др.Кунгуловски: Пикот најверојатно својот врв ќе го достигне во септември

Др.Кунгуловски: Пикот најверојатно својот врв ќе го достигне во септември

Доктор Горан Кунгуловски во интервју за ТВ 24 вели дека откако беше детектиран првиот случај со делта-сојот во Македонија, веќе се знаело дека ќе има една нагорна линија на бројот на заразени, а пикот својот врв ќе го достигне во септември.

-Делта-сојот коси низ цел свет, низ цела Европа. Пикот најверојатно ќе стигне малку побргу, има недела или две разлика од сите претпоставки досега. Сега гледаме дека има една нагорна линија на позитивни пациенти, заразени со коронавирусот. Откако го детектиравме првиот пациент со делта-сојот во Македонија, знаевме дека ќе има една нагорна линија и знаевме дека таа нагорна линија, отприлика, ќе заземе некој интензитет во август и дека најверојатно својот врв ќе го достигне во септември, кажа Кунгуловски.

Што се однесува до тоа каква зима нѐ очекува кога станува збор за коронавирусот, докторот вели дека никој не го знае тоа, но дека се надева дека нема да биде тешка бидејќи ќе имаме голем процент на имунизирано население.

-Никој не знае за тоа, јас се надевам дека полесно ќе ја поминеме зимата. Веќе ќе имаме поголемо имунизирано населнеи.Повтрно ќе кажам пот имунизирано население се подразбира население кое стекнало природен имунитет или со вакцинација, вели Кунгуловски.

Најнови вести