четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Владев: Нема да ветуваме нереални и мегаломански проекти во Свети Николе, туку решавање на реалните проблеми

Владев: Нема да ветуваме нереални и мегаломански проекти во Свети Николе, туку решавање на реалните проблеми

Кандидатот за градоначалник на градот Свети Николе Дејан Владев преку статус на Фејсбук пишува дека нема да ветува нереални и мегаломански проекти туку ќе се обиде да ги реши реалните проекти во градот.

-Со одлука на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Претседателот Христијан Мицкоски сум избран за кандидат за Градоначалник за општина Свети Николе.

Честа е голема но одговорноста уште поголема.

Свети Николе е град во кој израснав, се школував,тука живее моето семејство и моите пријатели.

Во Свети Николе работам и го остварувам мојот работен и политички ангажман.

Затоа ќе сторам се за да нашиот град биде пристојно место за живеење.

Нема да ветуваме нереални и мегаломански проекти туку акцентот на нашата програма ќе биде на решавање на реалните проблеми со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Свети Николе.

Улици, канализации, младите и спортот, заборавените рурални населени места и хигиената,земјоделците, пензионерите….
ќе бидат врвен приоритет за новата локална власт.

Ветувам чесен пристап до граѓаните и отворени локални институции за сите.

На Свети Николе му требаат промени а промените ќе се случат на 17 октомври.

Да сте живи и здрави .

Секогаш Ваш,

Дејан Владев , кандидат за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и иден Градоначалник на општина Свети Николе.

Да живее Свети Николе.

Да живее Република Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.