среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бесими вели ММФ има поголема доверба во економиите на Авганистан, Сенегал и Сирија отколку во македонската – им дал повеќе пари

Бесими вели ММФ има поголема доверба во економиите на Авганистан, Сенегал и Сирија отколку во македонската – им дал повеќе пари

Министерот за финансии Бесими, продолжува да се брука во јавноста со своето елементарно непознавање на меѓународните финансии. Откако на два пати се пофали со „ѓубре“ кредитен рејтинг на земјава, сега во изјава за „Сител“, се пофали дека Меѓународниот монетарен фонд и доделил специјални права на влечење, во вредност од 160 милиони евра на земјава, затоа што, како што рече “ММФ верува во политиките на Владата“.

ММФ вчера распредели 455 милијарди специјални права на влечење или над 550 милијарди евра на сите 190 земји членки. Покрај Македонија – со „добрите економски политики“, специјални права на влечење добија и Авганистан, Сенегал, Судан и Сирија, кои патем добија дури и повеќе специјални права за влечења од Македонија. По таа логика, ММФ има поголема доверба во нивните економски политики, отколку економската политика на Република Македонија.

ММФ средствата ги распределува според квотата која земјата ја има во фондот, а не според политиките кои ги води. Впрочем, по логиката на Бесими, ако ММФ ги распределува средства според економскиот перформанс, тогаш ќе требаше да добиеме над 25 илјади специјални права на влечење како Германија или тоа би биле околу 45 милијарди евра. Или да не одиме подалеку од регионот. Србија доби над 620 специјални права за влечење или околу 1,2 милијарди евра, Словенија околу 550 специјални права или над 1 милијарда евра, Босна и Херцеговина околу 250 специјални права на влечење или 453 милиони евра, Бугарија 820 специјални права на влечење или 1,5 милијарди евра итн. Всушност, Македонија e меѓу земјите во регионот кои добија најмалку права на влечење заедно со Албанија, Косово и Црна Гора.

Исто така, Бесими ни малку наивно, веднаш ги етикетира средствата „за буџетска поддршка“. Ова значи дека, иако ММФ вели дека специјалните права на влечење можат да се задржат како резерва или да се искористат да се прошири квотата, Владата планира да ги повлече овие средства за „буџетски потреби“.

Да се потсетиме дека со последниот ребаланс на буџетот се зголемија ставките за возила, мебел и привремени вработувања. Така и овие средства на ММФ ќе отидат на покривање на партиски вработувања и луксузирање во очи на избори.

Најнови вести