Деми Ловато (28) смета дека раскинувањето на веридбата со актерот Макс Ерих во 2020 година им помогна да стане „автентично јас“.
Ѕвездата потоа почна да се идентификува како не-бинарна за блиските пријатели и семејството кон крајот на минатата година, а и помогна нејзиниот пријател, пејачот Сем Смит, кој исто така се идентификува како дел од „тие“.
Деми призна дека патувањето со родов идентитет ќе продолжи до крајот на нејзиниот живот.
– Тоа е патување кое трае вечно – објасни пејачката, и додаде:
– Можеби ќе дојде време кога ќе се идентификувам како транс, не знам како ќе ми изгледа ова. Можеби до крајот на животот ќе се идентификувам како не -бинарна личност, или можеби ќе дојде период кога ќе остарам, па ќе се идентификувам како жена – заврши пејачката.