четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДЕНЕСКА И УТРЕ ДОЖД И ГРМЕЖИ ВО ФОРМА НА НЕВРЕМЕ – детална временска прогноза и за големиот христијански празник во сабота

ДЕНЕСКА И УТРЕ ДОЖД И ГРМЕЖИ ВО ФОРМА НА НЕВРЕМЕ – детална временска прогноза и за големиот христијански празник во сабота

Времето утре ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен до југозападен правец.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во недела времето ќе биде сончево со умерена локална облачност и претежно на северозападот со појава на повремено пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Инаку УХМР издаде и актуелно предупредување за денеска и утре кога ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.

Најнови вести