вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Граѓаните збунети, дали ова се парламентарни или локални избори: СДСМ дели летоци со ветувања за субвенции, плати, пензии…?! (ФОТО)

Граѓаните збунети, дали ова се парламентарни или локални избори: СДСМ дели летоци со ветувања за субвенции, плати, пензии…?! (ФОТО)

Кампањата започна, добив леток за најдоброто во Центар, но малку како лончињата да се измешани. Се збунив дали ќе имаме локални или парламентарни избори… Некако теми како плати, пензии, субвенции не се за локални избори, или грешам, коментира на својот Фејсбук профил Давор Пасоски.

(Фејсбук статус на Давор Пасоски)

Кампањата започна 😝🥵

‼️Добив леток за најдоброто во Центар, но малку како лончињата да се измешани 🤔

❓Се збунив дали ќе имаме локални или парламентарни избори 🧐…Некако теми како плати, пензии, субвенции 💸💰 не се за локални избори, или грешам 😑

⛔ Реконструкција на инфраструктура на Клинички, изградба на модуларни одделенија во време на пандемија, реновирање на МО и ГШ, санација на музеи и театри, мислам дека не се поврзани со мојата општина, а уште помалку се реализирани од општината (тоа се добра и објекти за сите во државава и главниот град) 😒

😥 Но најстрашно е некој да се фали со ова, кое е неопходност и нешто што подразбира континуирано одржување и унапредување.

⚠️ Скоро ништо на летоков не влијае на подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во центарот на главниот град, во центарот на 🇲🇰

❌ Луѓе живееме во паланка, не во Центар…Запустена инфраструктура, запустени и вандализирани паркови и детски игралишта, ѓубре насекаде…За жал тоа е нашето секојдневие и реалност, пишува Пасоски во својата објава.