вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за здравство демантира дека по грешка замениле починти лица

Министерството за здравство демантира дека по грешка замениле починти лица

Министерството за здравство ја демантира информацијата дека по грешка замениле починти лица.

-Министерството за здравство информира дека вечерва на неколку медиуми беа објавени неточни информации дека Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по грешка испратиле тело на починат пациент, кај семејство во Врапчиште гостиварско. Ја информираме јавноста дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС не направила таква грешка. Сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19. По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото. Погребалните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот, стои во демантот од МЗ.

Инаку, денеска ТВ21 објави дека се случил невообичаен настан во село Врапчиште. Имено, едно семејство наместо телото на нивната почината мајка, добило тело на непознат маж.

Во изјава за ТВ21 семејството вели дека нивната мајка починала на Инфективната клиника во Скопје, а откако го прифатиле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфективна.

По повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде по грешка било испратено од болницата.

Најнови вести