вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Времето се менува од ден на ден – УХМР за вечерва најавува невреме, а еве што не очекува за време на викендот

Времето се менува од ден на ден – УХМР за вечерва најавува невреме, а еве што не очекува за време на викендот

Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно на истокот од земјата ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд.

Во недела времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој попладне вдолж Повардарието ќе се промени во северен и ќе засилува.

Во понеделник времето ќе биде Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

УХМР за денеска најавува и предупредување:

Попладне и кон крајот на денот нестабилно, на места со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе услови за интензивна нестабилност со пообилен дожд ќе има во крајните западни и крајните источни делови.

Најнови вести