вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем интерес за независни кандидатури на локалните избори, партиите објавуваат нови имиња

Голем интерес за независни кандидатури на локалните избори, партиите објавуваат нови имиња

За три дена, на 30 август на полноќ истекува рокот за собирање на потписи на независните кандидати за градоначалници и советнички листи. До средата вечер, според Државната изборна комисија, 32 независни кандидати за градоначалници во повеќе општини и советнички листи собрале потписи, а уште 33 собираат потписи.

Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список која ќе трае до 9 септември 2021 година.

-Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се девет барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и три барања за измена на податоците во Избирачкиот список, а до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 14 барања.

Партиите продолжуваат да ги објавуваат имињата на нивните кандидати за градоначалници. Потписи за градоначалничка кандидатура за Скопје денеска собира и Данела Арсовска.

Рокот за поднесување на листите е 11 септември, а локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.

Најнови вести