среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовска: Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан

Арсовска: Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ги собра потребните потписи за нејзината кандидатура, по што јавно изрази благодарност до граѓаните и им порача дека е време сите заедно да го направиме метропола со која ќе се гордееме.

Арсовска вели дека е време за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град.

– За Скопје од нас, за наше Скопје.

Сега како официјален независен кандидат за градот Скопје би сакала да повторам зошто сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија и ја барам поддршката од сите граѓани и партии да ме поддржат. Горда сум на скопјани, на нивната енергија и горда сум што сум нивен кандидат. Секоја поддршка е добредојдена.

Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100% од својата енергија за да успее.

Влегувам во оваа трка за градоначалник со чисто срце и јасна визија.
Уште еднаш, Ви благодарам за денешната поддршка и одиме на победа! – порача Арсовска.

 

 

Најнови вести