Кајне Вест (44) со месеци го одложува објавувањето на неговиот десетти студиски албум „Донда“.
Контроверзниот рапер наводно живее на стадионот Мерцедес-Бенц во Атланта и таму работи на албумот, а исто така одлучи да го смени и името.
Како дел од промоцијата на претстојниот албум, Кајне организира забави и концерти на стадионот. На последниот таков настан, раперот ја шокираше публиката кога се запали на сцената.
Целиот во пламен, тој прошета во комплет што личеше на неговиот семеен дом каде што израсна. Неговите вработени опремени со апарати за гаснење пожар навреме го запреле оганот.
⛽️#Donda pic.twitter.com/ifK1Tbr7iW
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021
Раперот и ријалити sвездата се во брак шест години и се родители на четири деца. Тие ја започнаа бракоразводната парница во февруари оваа година, но останаа во добри односи, воспитуваат деца заедно и се поддржуваат едни со други.
Да потсетиме, раперот неодамна ги прекина врските со руската манекенка Ирина Шајк, откако беа видени како поминуваат време во Прованса, Франција, на почетокот на јуни, каде што го прославија роденденот на раперот.
❤️ #Donda pic.twitter.com/BqEFUAaqe4
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021
Неодамна, поранешните сопружници заминаа на семеен одмор во Сан Франциско со своите деца, а очевидци тврдат дека биле многу блиски, речиси како да не се разведуваат. Дали парот ќе се помири или ќе искористи се како маркетинг, останува да видиме.