вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска сончево и топло, особено да внимавате доколку попладнево сте во планина – еве што најавува УХМР

Денеска сончево и топло, особено да внимавате доколку попладнево сте во планина – еве што најавува УХМР

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Најнови вести