среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Инстаграм најави новитет, на малолетниците нема да им се допадне

Инстаграм најави новитет, на малолетниците нема да им се допадне

Социјалната мрежа Инстаграм ќе почне да бара од своите корисници потврда за нивниот датум на раѓање, како дел од напорите да се создадат нови безбедносни функции за младите луѓе.

Новата мерка ја објави денеска оваа социјална мрежа во сопственост на компанијата Фејсбук.

-Инстаграм во соопштението наведува дека ќе ги користи тие информации со цел да овозможи и да ги обезбеди вистинските искуства за вистинската возрасна група, пренесува Ројтерс.

Инстаграм објавил дека автоматски ќе ги префрли сите корисници на возраст под 16 години на приватна сметка кога ќе се приклучат на оваа платформа.