Пациент заразен со коронавирусот е снимен како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести од болницата во Гостивар, објави порталот Лајме.мк.
Во моментов, сѐ уште нема официјална реакција од страна на болницата или полицијата.
По Скопје, Гостивар и Тетово се градовите во кои има најмногу заразени лица.