вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кочовски: Вевчани стагнира четири години без ниту еден реализиран проект, ние имаме визија за Вевчани да стане поубава општина каде сите проблеми конечно ќе се решат

Кочовски: Вевчани стагнира четири години без ниту еден реализиран проект, ние имаме визија за Вевчани да стане поубава општина каде сите проблеми конечно ќе се решат

Четири години Вевчани стагнира, нема ниту еден реализиран проект, ниту проектите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги отстапи, не можеа или не знаеја како да ги завршат, од ветениот базен нема ништо, 99 проценти од ветувањата се само празни зборови на хартија, реализацијата им е статистичка грешка. Локалната власт на чело со градоначалникот на Вевчани работи само за себе и за тесен круг околу нив, изјави на денешната прес конференција, Спасе Кочовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Вевчани.

Тој посочи дека има визија Вевчани да ја направи поубава општина, општина која што е добро поврзана со решени комунални проблеми, со предуслови за развој на активен туризам, изградба на велосипедски патеки низ падините на Јабланица, реконструкција и бетонирање на сите главни канали за наводнување во Вевчани, пробивање, чистење и тампонирање на сите полски патишта во атарот на Вевчани, директно финансиска поддршка од буџетот на Вевчани за василичарските друштва на Горно и Долно маало, изработка на сообраќајно решение на Вевчани, решавање на проблемот со паркинг местата.

– Проблемите ќе ги решаваме заедно, ќе се борам за Вевчани, за вевчанци за подобро утро за сите. Време е за промени ! Време е за Македонија за сите луѓе, додаде Кочовски.

Најнови вести