среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИРАЛНО ВИДЕО: Непријатен момент на настап на Цеца: Обожавателка фрли голем предмет кон пејачката

ВИРАЛНО ВИДЕО: Непријатен момент на настап на Цеца: Обожавателка фрли голем предмет кон пејачката

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна доживеа мала непријатност на еден нејзин настап.

Според српските медиуми, обожавателка на пејачката се пробила во првиот ред со голема плишана играчка која ја фрлила кон Цеца додека пејачката ги изведувала своите хитови на сцената .

Судејќи според видеото, девојката немала лоша намера и само сакала да ја изненади фолк дивата со подарок, сепак, играчката за малку ќе ја погодела Цеца директно во глава.

За среќа Цеца успешно го одбегнува неочекуваниот подарок и продолжува да пее, расположена ако ништо да не се случило.

Иако сето тоа завршило во најдобар ред, ова видео се појави на сите социјални мрежи и многу брзо стана вирално.

Најнови вести