Од нашата одговорност и од секој поединец во образовниот систем зависи колку долго децата ќе останат во училницата. Во образовниот систем околу 74 проценти веќе се вакцинирани, а секој родител има одговорност и тој да се вакцинира, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.
Таа во гостување во дневникот на Сител, посочи дека системот е подготвен за три сценарија – за физичко присуство, хибриден модел, што значи половина во училница, половина онлајн, и целосно онлајн. За тоа кое сценарио кога ќе се примени, министерката рече дека одлучува Комисијата за заразни болести, Главен координатев штаб и Владата.
Царовска напомена дека наставниците во најголем дел се вакцинирани а сега е значајно да се вакцинираат и родителите, и упати апел до сите оние кои имаат ученици дома, да се вакцинираат.
Како што рече, протоколите во училиштата предвидуваат носење макси, дезинфекција, проветрување на простории и мерење на температура.
-Доколку две деца седат на една училишна клупа тие апсолутно ги почитуваат протколите, бидејќи носат маска. Протоколите се јасни, носење макси, дезинфекција, проветрување на простории и мерење на температура. Значајно е сега да сите апелираме на почитување на протоколите, но и на вакцинација кај наставен кадар и кај родителите, рече Царовска.
Во однос на прашањето колку родители досега поднеле барање за следење на настава онлајн за оваа учебна година, Царовска посочи дека околу дда отсто поднеле барање за следење на настава онлајн, што според неа, е прифатлива бројка и очекува така и да остане.
-Од 180 илјади ученици кои се во основно, 70 илјади во средно, значи околу 250 илјади ученици започнаа на 1 септември, со учење. Некаде 2 проценти од учениците побараа онлајн учење, што е апсолутно прифатлив процент. Тоа се хронично болни, а имало и некои немидицински причини каде што училиштата потврдиле дека тоа е прифатливо за нив и за наставниците. Очекувам овој процент да остане таков, додаде Царовска.
Министерката напомена дека во голем дел во училиштата се набавени смарт таблети, смарт телевизор или ЛЦД проектор заради мултимедијата која треба да биде присутна во наставата.
Прашана дали децата треба задолжително да користат смарт таблети за време на наставата, Царовска посочи дека може но и не мора, зависи од тоа како ќе одлучи наставникот.
Царовска напомена оние семејства кои немаат финансиски средства да обезбедат смарт табла на своето дете, и повеќедетните семејства, треба да се обратат до училиштето и да си го добијат таблетот.
-Можеби во општините за кои велите им викаат да не набавуваат, веројатно ќе им ги дадат инсталираните учебници и ќе можат да ги користат во текот на целата година купени од училиштето. Таму каде што велат „набавете”, значи дека ќе им ги дадат на социјално ранливите, а сите ние кои можеме да си дозволиме треба да им ги обезбедиме смарт таблите на нашите деца, рече Царовска.