среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде се потрошени четиристотини милиони евра од буџетот на Град Скопје?

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде се потрошени четиристотини милиони евра од буџетот на Град Скопје?

Неработникот Шилегов и неговиот колега Наумоски требаше вечерашната средба да ја одржат во кафеана бидејќи изминативе 4 години оттаму не излегоа, се вели во партискот соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Можеби и затоа не можеа да ги видат проблемите на граѓаните и да реализираат некаков проект, бидејќи за 4 години ништо не сработија. Неспособниот Шилегов во својот мандат не успеа да реализира ни 20% од програмата која ја вети и ниту еден од големите проекти кои ги ветуваше во 2017. Скопјани ниту тунел видоа, ниту мостови, ниту подземни сообраќајници, ниту продолжени булевари, а уште помалку видоа нова Универзална, Луна парк, а ни трага ни глас од жичарницата до Средно Водно или пак зиплајнот, додека наместо трамвај ветува нефункционален БРТ систем. И можеби е неспособен за работа, но не е неспособен за трошење на парите на граѓаните. Не се знае како се потрошени 400 милиони евра буџет на Скопје, ни трага ни глас нема од 12,5 милиони евра кои ги зеде од продажбата на Градска куќа, но затоа Шилегов има 4 стана, хациенда во Маврово и зграда среде Скопје, а којзнае колку автомобили поседува бидејќи не ги пријавува во анкетен лист. Граѓаните треба да знаат каде Шилегов ги потроши нивните пари, а Јавното обвинителство треба да отвори случај за потекло на толку големиот имот на Шилегов и како е истиот стекнат. На Скопје и скопјани не им се потребни неработници како Шилегов кои се богатат со парите на граѓаните, туку успешни и докажани менаџери кои ќе донесат развој за градот и подобри услови за граѓаните и бизнисот. Единствено тоа го може Данела Арсовска која е одговорот и решенито за Скопје, истакнуваат од опозициската партија.

Шилегов може уште отсега да се пакува бидејќи му заврши политичката кариера и да се подготови да одговара! Додаваат од таму.